18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо четвртокот не е регистриран влез на бегалци во земјава

Во четвртокот не е регистриран влез на бегалци во земјава

migranti 37744

Во четврокот од страна на МВР не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Досега годинава, од страна на МВР издадени  се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 44.734, Авганистан – 26.546 и Ирак – 18.337.

Во четвртокот до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годинава, пак, па до 17-ти март, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП