7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајлошиот квартал за инвестирање во американски обврзници?

Најлошиот квартал за инвестирање во американски обврзници?

Globe with financial papers

Овој квартал оди кон својот крај и најверојатно тоа ќе биде исклучително лошо за многу од хеџфондовите за инвестирање во инструменти со фиксен принос. Тоа го прогнозира Дан Фус, потпретседател на „Loomis Sayles & Co“, пренесе „Bloomberg“.

„Многу е веројатно да бидеме сведоци на најлошиот во историјата квартал за повеќето од фондовите ориентирани кон инструменти со фиксиран приход. Некои од имињата на овие фондови веќе се познати, а други ќе бидат изненадување за инвеститорите“, коментира Фус.

Хеџфондовите се обложуваат на поевтинувањето на обврзниците, кои „беа фатени неподготвени“ од инвеститорите кои вратиле средства во февруари на пазарите на обврзници со најнизок инвестиционен рејтинг. Фондовите користеле заем на капитал, за да ги скратуваат корпоративните должнички вредности и се сретнале со тешкотии да ги исполнат „кратките позиции“ поради неподготвеноста на многу од институционалните инвеститори да продаваат.

Недостатокот на таквата желба доведе до „пресушување“ на тргуваните средства, коментира експертот.

„Пазарот на обврзници најверојатно ќе остане нисколиквиден. Во вакви услови нестабилноста е многу можно да се задржи висока“, коментира уште Фус.

Загубите кои средствата најверојатно ќе ги претрпат се „пропратен ефект, но важна лекција“. Тој покажува колку големо е влијанието на настанатата ликвидност на пазарот на обврзници.

Негативните резултати тераат многу фондови во секторот да ја завршуваат активноста. Еден од нив е „Golub Capital“, затворениот фонд на инвестирани во корпоративни обврзници во вредност од 150 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП