„Mercedes-Benz“ во месец март на купувачите им испорача 139.920 возила што е за 6.5 проценти повеќе во било кој месец претходно. Исто така и продажбата во првиот квартал од оваа година беше за 3.5 проценти повеќе отколку во претходната година, а беа продадени 324.898 автомобили.
И покрај тешкиот старт на годината за европскиот автомобилски пазар, „Mercedes-Benz“ успеа да го сочува минатогодишното ниво на производство, а исто така да го зголеми уделот во Западна Европа.
Овој успех е остварен првенствено поради одличните резултати на новите компактни возила на компанијата.
Истовремено овој познат германски бренд успеа да оствари силна продажба во „NAFTA“ регионот, Русија и Јапонија. Исто така „Mercedes-Benz“ беше премиум бренд чии возила беа највеќе регистрирани на територијата на Јапонија, САД и нормално Германија.