18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Алкалоид АД Скопје се враќа во фокусот на инвеститорите

Акцијата на Алкалоид АД Скопје се враќа во фокусот на инвеститорите

makedonska-berza

Акцијата на Алкалоид АД Скопје оствари најголем промет на Македонската берза за хартии од вредност (1.219.568,00 денари). Беа истргувани 228 акции, а вредноста на акцијата се зголеми за 0,91 отсто.

По неа, со промет од 1.174.755,00 денари и 500 истргувани акции се позиционираше акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје, чија вредност остана непроменета.

На страната на обврзниците единствена тргувана беше обврзницата од 14тата емисија (РМДЕН14), во количнина од 2.667 лотови и просечна цена од 94,47 отсто.

Вкупниот реализиран промет денес изнесуваше 4.519.800,75 денари и 37 реализирани трансакции.

Индексот МБИ-10 забележа пад од 0,11 отсто и изнесуваше 1.802,48 индексни поени, додека ОМБ ја намали вредноста за 0,16 отсто и изнесуваше 128,36 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП