10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавениот состанок на произведувачите ја поткрена нафтата кон 41 долар

Најавениот состанок на произведувачите ја поткрена нафтата кон 41 долар

nafta 02

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари во четвртокот кон нивото од 41 долар, поткрепени од планот на големите произведувачи следниот месец да се сретнат за да разговараат за мерките за поттикнување на пазарот.

Вената на барел сирова нафта порасна на лондонскиот пазар за 51 цент во однос на претходното затворање и изнесуваше 40,84 долари. Во средата, пак, го заклучи тргувањето во плус од 1,59 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 62 центи повисока цена, од 39,08 долари за барел, откако во средата затвори во плус од 2,12 долари.

Организацијата на извознички на нафта OPEC објави дека цената на барел од кошничката негова нафтата во средата изнесувала 34,5 долари, што значи дека пораснала за 81 цент во однос на претходниот трговски ден.

Во средата пазарите беа катапултирани поконкретните информации за состанокот на големите производители, на кој би се разговарало за замрзнувањето на производството. Така производителите од картелот OPEC и некои надвор од оваа група ќе се сретнат на 17-ти април во Доха, за да го разгледаат планот за замрзнување на производството. Средбата би можела да резултира со првиот глобален договор за снабдувањето со нафта во период од 15 години.

Саудиска Арабија, Катар, Венецуела и Русија се договорија во февруари дека ќе го замрзнат производството на нивото од претходните месеци, за да го намалат вишокот во снабдувањето на пазарот, поради кој цените од средината на 2014 година потонаа за 70 отсто. Во средата катарскиот министер за енергија Мохамед Бин Салех ал-Сада изјави дека иницијативата ја поддржале петнаесетина произведувачи во OPEC и надвор од организацијата, кои сочинуваат 73 отсто од глобалното производство на нафтата.

Доброто расположение од средата, така, се продолжи и на четвртокот. А дополнителна поддршка им даде ослабениот долар, откако американската централна банка ги придуши очекувањата за подигнување на клучните каматни стапки пред јуни. Послабиот долар ги поевтинува стоките чиишто цени се изразуваат во американска валута за имателите на другите валути, поттикнувајќи ја побарувачката.

Вложувачите беа охрабрени и од неочекувано малиот раст на резервите во САД во текот на минатата седмица, кои сепак достигнаа ново рекордно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП