4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени 680 социјални станови, проектот продолжува

Доделени 680 социјални станови, проектот продолжува

stanciki

Продолжува изградбата на социјални станови наменети за лица од социјално ранливи категории, а до сега доделени се 680, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Направен е голем прогрес во изградбата и доделување на социјалните станови. Досега се доделени 680 социјални станови за семејства од социјално ранливи категории, а 123 се во фаза на градба во две населени места. Наскоро ќе започне и градба на социјални станови во Гостивар. Вкупно со овие станови ќе бидат 800“, истакна Груевски.

Од почетокот на следната година социјални станови ќе се градат и во четири други градови ширум Македонија, а со нив околу 1.000 станови, ќе бидат предадени на луѓе кои не можат да дојдат до свое живеалиште на друг начин.

Во овој проект од голема важност е и тоа што се опфатени лицата излезени од дом за деца без родители и родителска грижа и во секоја изградена социјална зграда најмалку 10 отсто од становите ќе бидат наменети за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП