4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Потребни се 20 години за да се намали невработеноста

Грција: Потребни се 20 години за да се намали невработеноста

grcija luge

Стапката на невработеност во Грција достигна 24,4 проценти во последните три месеци од 2015 година, а водечкиот синдикат предупреди дека ќе бидат потребни 20 години за таа стапка да се намали на нивото од времето пред кризата.

Државниот завод за статистика соопшти дека во периодот од октомври до декември 2015 година без работа биле 1,17 милиони лица, што е зголемување за 1,2 проценти во однос на периодот од јули до септември минатата година.

Главниот синдикат на приватниот сектор GSEE соопшти дека не очекува повраток на стапката на невработеност на седум проценти пред 2036 година.

Синдикатот предупреди дека состојбата на пазарот за труд е „драматична“ и дека 74 проценти од невработените Грци се без работа повеќе од една година.

Во студијата се укажува и на влошувањето на условите за работа, со напомена дека во 55 проценти од случаите во 2015 година понуден е договор за флексибилно вработување, наместо договор за постојано вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП