19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија ги укинува непопуларните мерки за штедење

Португалија ги укинува непопуларните мерки за штедење

St George's Castle at night, Lisbon, Portugal

Португалскиот парламент го усвои буџетот за 2016 година, со коj всушност се согласи на почетокот на укинувањето на непопуларните мерки за штедење, јавува агенцијата Ројтерс.

Со изгласувањето на буџетот е започнат процесот на постепен поврат на платите во јавниот сектор на нивото на кое беа пред португалската должничка криза од 2011-2014 година, како и на процесот на зголемување на минималните плати и намалувањето на даноци на додадена вредност за рестораните на 13 проценти од 23 проценти.

Со буџетот се предвидува забрзување на стапката на економскиот раст на Португалија на 1,8 проценти во оваа година по растот од 1,5 проценти во минатата година, додека буџетскиот дефицит, на инсистирање на официјален Брисел, би требало да биде намален на 2,2 проценти од БДП, по 4,3 проценти забележани во 2015 година, пренесува агенцијата Ројтерс.

Јавниот долг, според најновиот буџет, би требало да падне на 127,7 проценти од БДП во 2016 година, од 128,8 проценти од БДП во претходната година.

Сепак, големиот притисок на Брисел поврзан за намалување на буџетскиот дефицит ја принуди португалската влада да пронајде 900 милиони дополнителни приходи, главно од индиректните даноци на артикли, како што е бензинот.

Европската комисија ја предупреди Португалија дека сеуште ризикува кршење на буџетските прописи на еврозоната, поради што од официјален Лисабон е побарано да подготви дополнителни стендбај мерки за ревизија во мај, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП