Детската градинка „Срничка“ отвори Советувалиште за деца и родители „Растеме заедно“.
Просториите на советувалиштето се наоѓаат во објектот „Изворче“ и истото ќе работи секој работен ден од 7 до 13 часот.
Мисија на советувалиштето е семејството, градинката и заедницата да бидат партнери во грижата за децата, а со цел да ја гради и унапредува соработката со семејството и позитивно да дејствува врз развојот и воспитувањето на детето.
Работата во советувалиштето ќе ја врши стручен и професионален тим составен од: психолог, педагог, дефектолог, логопед и лекар.
Услугата во советувалиштето е бесплатна, а за сите потребни информации и закажување разговор, родителите можат да се обратат на следните телефони:
071 270 572 – психолог
071 270 573 – педагог
071 270 482 – лекар
077 987 416 – дефектолог
070 494 253 – логопед
Стручниот тим ќе им дава целосна поддршка на родителите и ќе дава стручна помош при решавањето на сите проблеми, тешкотии и дилеми кои се поврзани за престојот на детето во градинка, но и помош и совети за развојот и животот на детето во семејството.
Целосно ќе работи на надминување на проблемите што се јавуваат кај децата и ќе обезбедува стручна помош при нивното прилагодување на условите во градинката.