ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 20 илјади јагниња од дебарско на странските пазари

Над 20 илјади јагниња од дебарско на странските пазари

jagnence

Дебарското здружение на сточари „Даши“ информираше дека во четвртокот биле продадени првите три илјади јагниња за Италија.

Претседателот на здружението, Скендер Аме вели дека оваа сезона сточарите од дебарско и Жупа, се очекува да продадат над 20 илјади јагниња и тоа за странските пазари.

Јагнињата ги откупуваат фирмите „Горни Полог“ од Гостивар и „Стокопромет“ од Скопје, а цената на еден килограм жива мера изнесува 155 денари. Сточарите не се задоволни од цената бидејќи минатата година цената била повисока за 30 денари , но како што велат немаат друго решение.

Претставниците на фирмите кои вршат откуп нагласуваат дека јагнињата од дебарско и Жупа имаат висок квалитет на месо и се барани многу во Италија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП