18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит поттикнат од пораките на Fed

Волстрит поттикнат од пораките на Fed

wall

На Волстрит индексот S&P 500 го достигна највисокото ниво во оваа година, благодарејќи на пораките од американската централна банка Federal Reserve (Fed) дека нема да брза со зголемувањето на каматните стапки и оти американската економија ќе продолжи умерено да расте.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,43 отсто, на 17.325 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,56 проценти, на 2.027 поени, додека индексот Nasdaq за 0,75 отсто, на 4.763 индексни поени.

Растот на индексот S&P 500 на највисокото ниво годинава дојде најмногу благодарејќи на пораките од Fed дека американската економија ќе продолжи умерено да расте, како и дека нема да брза со носење одлука за зголемување на клучните камати.

Како што се очекуваше, челниците на американската централна банка на дводневната седмица одлучија да ги задржат клучните камати непроменети во распон од 0,25 до 0,50 отсто, а проекциите покажуваат дека во оваа година очекуваат зголемување на каматите во два наврата за по четвртина процентен поен. Тоа ги охрабри вложувачите на пазарите на акциите, зависни од ниските камати, бидејќи во декември Fed, кога првпат по 2006 година ги зголеми каматите сигнализирајќи дека во оваа година би можел во четири наврати да ги зголеми дополнително.

Покрај тоа, од Fed во средата порачаа дека се очекува продолжување на умерениот раст на економијата, со натамошно намалување на невработеноста, како и малку пониска инфлација отколку што претходно прогнозираа. Предупредија, исто така дека ситуацијата во глобалната економија и на финансиските пазари претставува ризик. За ова не беше наведено ништо конкретно, но аналитичарите сметаат дека е јасно дека во Fed се внимателни поради нестабилноста на глобалните пазари на почетокот од годинава.

Благодарејќи на пораките во средата пораснаа цените во осум од десетте сектори на S&P 500 индексот, при што на вредноста загубија само финансискиот и здравствениот сектор. Најмногу, пак, скокна рударскиот сектор за 1,7 отсто,благодарејќи на растот на сировините, а следеа цените на акциите во енергетскиот сектор со просечен раст од 1,6 отсто.

Подемот на овој сектор го поттикна скокот на цените на нафтата на американскиот пазар за речиси 6 отсто, по веста дека најголемите светски произведувачи планираат состанок за замрзнување на производството, што би требало да го намали јазот меѓу големата понуда и слабоста на побарувачката, предизвикана со забавувањето на растот на глобалната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП