6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсламската држава губи територија и приходи

Исламската држава губи територија и приходи

isis 33

Терористичката група „Исламска држава“ загуби 22 проценти од територијата која ја контролираше во Сирија и Ирак, и 40 проценти од своите приходи за последните 14 месеци, според анализата на една американска консултантска компанија.

Според проценките на аналитичарите на компанијата за последните три месеци територијата под контрола на групата е намалена за 8 проценти. Отворањето на гранични премини меѓу Сирија и Турција, северно од градот Ракка, ги отежнува операциите на „ИСИС“ за транспорт на нафта, дополнува аналитичката компанија. Сега овие премини се наоѓаат под контрола на сириските Курди.

Бројот на екстремистите, кои пристигнуваат од Велика Британија и Блискиот Исток за териториите под контрола на „Исламската држава“, исто така е намален во последно време. Овој тренд е поврзан со загубата на територии во Сирија, ликвидирањето на старешините на групата и намалувањето на финансирањето за терористичката организација.

Ирачки изданија известуваат дека курдските сили во Ирак, една поддржана од Иранската шиитска милиција и ирачката армија ќе започнат наскоро офанзива за да ги избркаат борците на „ИСИС“ од северниот ирачки нафтен регион Киркук, пренесе Ројтерс. Операцијата ќе ги доближи противниците на групата уште поблиску до Мосул, најголемиот ирачки град под контрола на џихадисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП