19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД ја задржа каматната стапка, предвиде две зголемувања до крајот на годината

ФЕД ја задржа каматната стапка, предвиде две зголемувања до крајот на годината

131363508856e9a8e22ddfe419372710_w640

Американската централна банка (ФЕД) на вчерашниот состанок на Одборот одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на постоечкото ниво.

ФЕД одлучи референтните каматни стапки да останат меѓу 0,25 и 0,5 проценти, а наведе дека и зголемувањата оваа година ќе бидат попостепени отколку што претходно се очекуваше.

Одборот на банката на состанокот предвиде дека во оваа година ќе постојат две зголемувања на каматната стапка, наместо првично предвидените четири.

ФЕД на состанокот ја намали прогнозата за растот на економијата на САД на 2,2 проценти оваа година и оцени дека состојбата на финансиските пазари во светот и понатаму претставува опасност.

По објавата на одлуката на ФЕД, акциите на американските берзи забележаа ненадеен скок, но потоа порастот се нормализираше.

Поради зачестените превирања на финансиските пазари многу економисти не очекуваа дека ФЕД на вчерашниот состанок ќе ги зголеми каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП