17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРелативно мирен ден на Македонската берза

Релативно мирен ден на Македонската берза

makedonska-berza-berzi-zvonce

Трговскиот ден во средата беше отворен со блок трансакција со акцијата на Скопски Пазар АД Скопје.

Вкупно 120 акции беа истргувани по цена од 8.448,00 денари со што беше реализиран промет од 1.013.760,00 денари.

Слично како и во вторникот, со акцијата на Комерцијална Банка беше реализиран најголем промет (1.158.325,00 денари, 493 акции). Со останатите хартии од вредност беше тргувано со промет под милион денари, секоја.

Со обврзниците беше реализирана една трансакција и тоа со обврзницата од 11тата емисија (РМДЕН11), во количнина од 2.093 лотови и просечна цена од 95,50 отсто.

Најголем пораст од дури 25 проценти забележа акцијата на просветло дело Скопје, преку 453 истргувани акции.

Денот заврши со промет од 4.076.139,49 денари и само 28 реализирани трансакции.

Индексот МБИ-10 забележа пад од 0,11 отсто, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП