23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан Протокол за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Тирана

Потпишан Протокол за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Тирана

sorabotkos

Протокол за соработка во областа на високото образование потпишаа во среда ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски и ректорот  на  Универзитетот во Тирана проф.д-р Дори Куле.

Фокусот на договорот е ставен на зајакнување на досегашната соработка, и на поттикнување на научноистражувачката дејност. За да се постигнат овие цели, ќе се обезбеди поддршка за обука и усовршување на академскиот кадар.

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми истакна дека со потпишувањето на Протоколот ќе се продлабочи досегашната соработка во областа на виското образование меѓу двете земји.

„Двете страни ќе ги користат знаењата и искуствата едно од други со цел да се обезбедат решенија за научно-истражувачките проблеми од заеднички интерес. Исто така двете страни ќе разменуваат академски кадар, ќе ја поддржат размента на научно истражувачкиот кадар и на студенти во областите од заеднички интерес“, рече Адеми.

Во рамки на Протоколот стои дека ќе се разменуваат книги, публикации и образовен материјал за обука за истражувачки цели, како и дека ќе се поттикнува и поддржува заедничката истражувачка работа во областите од заемен интерес.

Исто така, двата универзитета, се договорија дека трошоците за престој на студентите и на научно-истражувачкиот кадар, ќе ги обезбеди универзитетот домаќин.

Протоколот за соработка УКИМ  и Универзитетот во Тирана има важност од пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП