29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Туристичките патувања во Вселената треба да бидат регулирани во рок од...

ОН: Туристичките патувања во Вселената треба да бидат регулирани во рок од пет години

letaj 33

Агенцијата на Обединетите нации за воздухопловство порача дека најдоцна за пет години би требало да ја усвои регулативата за туристичките патувања во Вселената, за да се поткрепи растечкиот космички туризам и транспортниот сектор.

Прoписите мора да бидат усвоени поради безбедноста и спречувањето создавање неусогласено мноштво прописи на ниво на поедини земји, порачаа од Меѓународната агенција за цивилно воздухопловство (ICAO). Предложија прилагодување на сегашната регулаторна рамка за воздухопловството, за којашто се одговорни ICAO и владите на поедини земји.

Во ICAO „се согласуваат со оцените дека суборбиталните летови и летовите во надворешната Вселена ќе создадат нови туристички и сообраќајни пазари, како и дека вложувањата во поврзаните истражувања и развојот и натаму се на многу здраво ниво“, изјави во вторникот на собирот во Абу Даби, претседателот на ICAO, Олумујива Бернар Алиу.

„Лично, како инженер, многу сум возбуден од тоа што сум сведок како сонот и теоријата за нормализираните летови во космосот стануваат опиплива стварност“, додаде челникот на оваа агенција на ОН.

Во ICAO забележале дека благо се зголемил бројот на нацртите кои се преточени во вистински летала. Проценуваат, исто така, дека тој тренд ќе продолжи. Укажуваат и на контролираното зголемување на бројот на лансирања ракети, истакнувајќи исто така дека комерцијалните космодроми стануваат „оперативна реалност“.

Компанијата „Virgin Galactic“ за вселенски туризам во сопственост британскиот милијардер Ричард Брансон, минатиот месец го претстави новиот комерцијален вселенски брод, 16 месеци по падот на претходното летало, при што смртно настрада пилотот. Леталото на оваа компанија „ SpaceShipOne“ е првото приватно летало кое во 2004 година стигна до работ на Вселената.

Во меѓувреме, компанијата „SpaceX“ на американскиот милијардер Илон Маск, успешно лансираше комуникациски сателит во оддалечената орбита, но на почетокот од март не успеаја сигурно на платформа во океанот да ја приземјат првата фаза од ракетата носач „Falcon 9“ која треба да биде повеќепати користена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП