25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрсовска-Томовска: Придобивките на ИКТ да бидат достапни до сите граѓани подеднакво

Арсовска-Томовска: Придобивките на ИКТ да бидат достапни до сите граѓани подеднакво

arso

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на конференцијата „ИКТ и вработување: потреба и можности”, во организација на здружението ‘Отворете ги прозорците’, а во рамки на одбележувањето на европската кампања „Недела на дигитално вклучување ‘Get Online Week 2016’.

Темата на конференцијата е поврзана со дигиталната инклузија, а целта е јакнење на свеста во однос на потребата и можните придобивки од користењето на информациско комуникациските вештини, на отворениот пазар на труд.

„Од своето формирање, Министерството за информатичко општество и администрација се залага сите граѓани на Република Македонија да станат не само активни корисници на придобивките од информатичкото општество, туку и активни контрибутори за развојот на информатичкото општество. Низ годините, ние креиравме и имплементиравме кохерентни политики кои ќе овозможат пристап до комуникациските технологии и интернетот за секој граѓанин, од секој дом и од секое работно место. Развивавме унифицирани и стандардизирани е-услуги едноставни за користење, кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните до владините услуги. Помогнавме да се изгради околина во која младите ќе знаат да ги искористат придобивките на модерните технологии за полесна комуникација, стекнување на нови знаења, наоѓање на работа, културно и интелектуално надградување”, рече Арсовска Томовска.

Потенцирајќи дека од особена важност е придобивките на ИКТ да бидат достапни до сите граѓани подеднакво, Арсовска Томовска ја посочи Нациналната стратегија за е-вклучување, која беше изработена од Министерството за информатичко општество и администрација.

„Проектите беа групирани во седум приоритетни столба, и тоа: е-пристапност, дигитална писменост, ИКТ за стари лица, географско е-вклучување, инклузивна е-Влада, социјално–културно е-вклучување и следење на идните препораки на Европската Унија”, истакна Арсовска Томовска.

Таа меѓу другото, ги издвои изработката на водичот за имплементација на WCAG 2.0 стандардот за веб пристапност и софтверот за синтеза на говор за слепи лица, доделувањето на над 5 273 ваучери на студенти од социјално-ранливи категории за набавка на таблет компјутери со надворешна тастатура, како и најновата активност, примена на стандардот WCAG (Web Content Accessibility Guidelines) 2.0 за веб-пристапност на веб-локациите и електронските услуги на државните институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП