2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската инфлација највисока од финансиската криза

Американската инфлација највисока од финансиската криза

inflation333

Инфлацијата во најголемата светска економија – американската, е на највисокото ниво од финансиската криза па наваму, посочија објавените податоци кои стануваат реалност само скоро пет часа пред одлуката на ФЕД за каматната стапка.

Во февруари главниот индекс на потрошувачките цени, исклучувањето на цените на храната и горивата, е зголемен за 2.3% на годишна основа. Тоа беше највисокото зголемување од пред финансиската криза, па наваму. На месечна основа главниот индекс на потрошувачките цени се зголеми за 0,3%. И двете вредности на индикаторот беа над просечното очекувања на аналитичарите.

Генерално инфлацијата изнесува 1% на годишна основа и е намалена за 0,2% на месечна основа, што одговори на просечните очекувања на аналитичарите. Падот на цените на енергетските суровини до голем степен е неутрализиран од растот на цените на становите, облеката и медицинската опрема, според податоците.

Резултатите се уште еден доказ за почетокот на пораст во инфлацијата. Можно е тие да влијаат на коментарите од страна на ФЕД за време на прес-конференцијата, подоцна денес. Резултатите иницираат намалување на фјучерсите на државните индекси и поскапување на доларот во однос на останатите главни валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП