17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSwiss Wood Flooring Solutions инвестира 5 милиони евра во Кичево

Swiss Wood Flooring Solutions инвестира 5 милиони евра во Кичево

unnamed1-586x389 V.Fida

По двегодишни преговори со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ компанијата од Швајцарија од дрвна индустрија, SWISS WOOD FLOORING SOLUTIONS донесе одлука за инвестирање во технолошко –индустриска развојна зона во Кичево.

Одлуката беше презентирана на средбата во Берн помеѓу Директорот на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, Висар Фида и Alain Bolli претставник од компанијата.

Планирано е првично да се изгради објект од 2500 м2, каде што ќе бидат вработени 30 работници, а за целиот инвестицискиот циклус компанијата планира да отвори 110 нови работни места, со вкупна инвестиција од 5 милиони евра.

“По неколку посети во РМ од страна на компанијата SWISS WOOD FLOORING SOLUTIONS да се најде соодветно место за реализација на инвестицијата беше одбрана технолошко-индустриската развојна зона во Кичево”, рече директорот на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ, Висар Фида.

12528734_10153911432835180_1032660765_o-586x389 V.Fida

“Овој проект ќе помогне во намалувањето на невработеноста, особено за населението во регионот на Кичево. Оваа компанија, исто така, ќе помогне да се зголеми довербата на другите компании од Швајцарија да го следат нивниот пример. Ќе помогне во создавањето на индиректните вработувања преку поврзување со домашни компании кои ги нудат своите услуги во исто време и за растот на извозот од Македонија, изјави Висар Фида, директор на “Invest Macedonia”.

Компанијата на почетокот ќе произведуваа производи од дрвната индустрија со многу висок квалитет, паркет и други специфични производи од дрво, производи кои ќе се извезуваат главно на швајцарскиот пазар и во други земји во Западна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП