6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежништвото лани порасна за 16.8% - кои компании имаа најголем ќар?

Градежништвото лани порасна за 16.8% – кои компании имаа најголем ќар?

gradeznistvo

Градежниот сектор оствари раст од 16.8% за една година, но што покажуваат билансите на компаниите? На берзата конечно објавени крајните резултати од работењето за минатата година.

ГРАНИТ Скопје со најголема заработка, БЕТОН Штип со најголем раст на профитот

Речиси сите градежни компании кои котираат на берзата прокнижија зголемени приходи и профити.

Приходите на ГРАНИТ Скопје останале на речиси исто ниво, се зголемиле за точно 1% и достигнале 66.095.609 евра. Во истиот период профитот пораснал 17% до сума од 3.575.886 евра.

„Деловната активност на ГД Гранит АД е целосно насочена кон остварување на динамичките планови според договорените работи  и целосна активност кон добивање на нови проекти во земјата и странство“, се наведува во образложението на финансискиот извештај на компанијата.

БЕТОН Скопје имал раст на приходот од 7% и на профитот од 31%. Сумите за 2015-та достигнале 47.589.479 односно 1.481.121 евра. Бројот на вработени лани бил зголемен за 90 луѓе.

БЕТОН Штип имал приход од над 12.276.114 евра и профит од 775.333 евра, послаби бројки во однос на претходната година за 8 односно 49%. Ова се должи пред се на зголемените расходи заведени под категоријата „останато“.

МЕРМЕРЕН Прилеп со намален приход и профит, КАРПОШ Скопје со удвоена заработка

Кај компаниите кои произведуваат градежни материјали резултатите различни од случај до случај – едните со солиден раст на добивката, другите со значителен пад.

Мермерниот комбинат ПРИЛЕП во 2015-та имал приходи од 16.340.943 евра што е за 14% помалку од 2014-та. Намалување од 29% има и кај профитот кој бил 4.895.089 евра.

Цементарницата УСЈЕ 2015-та ја завршила со приход од 72.257.073 евра или 8% повеќе од 2014-та. Профитот достигнал 20.545.333 евра и бил помал за 14%. Поголемиот приход, а помалиот профит е резултат на инвестиции, резервации и други расходи.

Фабриката КАРПОШ која прави бетонски полуфабрикати, мостови, далноводи, но и станови и индустриски објекти годината ја завршила со приходи од 10.526.911 евра, зголемување од 21%. Заработката била 305.789 евра со што бил остварен раст од дури 113%.

АДИНГ кој произведува адитиви за градежништвото минатата година ја завршил со приход од 5.572.748 евра или 34% повеќе. Профитот бил дуплиран, се зголемил за точно 100% и достигнал 248.992 евра.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП