22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрометот во индустријата остварен на домашниот пазар забележа пад, на странските пазари...

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар забележа пад, на странските пазари раст

industrijata-zgolemen-brojot-rabotnici

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, изнесува 106.9.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 1.1%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8.6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 25.0%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.4%.

Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележипораст кај Капитални производи за 30.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 53.5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6%.

Индексот на прометот во индустријата во јануари 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 97.8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП