19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на вработеноста во ЕУ и еврозоната

Раст на вработеноста во ЕУ и еврозоната

FRANCE-ECONOMY-UNEMPLOYMENT

Вработеноста во еврозоната се зголеми за 0,3 проценти на квартално ниво, а во земјите од ЕУ – за 0,1 проценти, во четвртиот квартал од минатата година, покажа најновите податоци на Евростат.

Во третиот квартал растот на вработеноста во еврозоната и ЕУ изнесуваше 0,3 проценти.

На годишнo ниво, вработеноста се зголемила за 1,2 проценти во еврозоната и за 1 процент во ЕУ, покажуваат статистичките податоци.

Вкупно 229.9 милиони мажи и жени се вработени во ЕУ, од кои 151.9 милиони во еврозаната, во последните три месеци од минатата година.

По земји во четвртиот квартал најмногу е зголемена вработеноста во Малта и Хрватска – односно за 1,7 проценти и 0,8 проценти на квартално ниво.

Пад е регистриран во Велика Британија и Литванија – од 1 процент и 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП