24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалопродажбата во САД падна и во јануари и во февруари

Малопродажбата во САД падна и во јануари и во февруари

maloprodazba-sad

Прометот на стоки во трговијата на мало во САД падна во февруари, додека податоците за јануари кои првично покажаа раст, се значително ревидирани, се наведува во извештајот на американското Министерство за трговија.

Малопродажбата во САД во февруари падна за 0,1 проценти на месечно ниво, како последица на падот на продажбата на бензин од 4,4 проценти, покажуваат податоците на министерството, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците за јануарската малопродажба се ревидирани надолу, и тоа на пад од 0,4 проценти, наместо претходно објавениот раст од 0,2 проценти.

Месечниот пад на малопродажбата, како што наведува АФП, укажа на извесна слабост на приватната потрошувачка, која е клучен двигател на американската економија бидејќи сочинува три четвртини од економската активност.

Голем број на компании во февруари се соочија со пад на продажбата, при што продажбата на моторни возила и авто-делови е намалена за 0,2 проценти, на мебелот за 0,5 проценти, а прометот на стоковните куќи е намален за 0,4 проценти. Продажбата преку интернет минатиот месец паднала за 0,1 проценти.

Потрошувачите трошеле најмногу по рестораните и баровите, чиј промет пораснал за еден процент, како и на спортска опрема, музика, гардероба и градежен материјал.

На годишно ниво, малопродажба во февруари порасна за 3,1 проценти во однос на истиот период лани, што е најдобра стапка на растот за една година, според зборовите на директорката на американската рејтинг агенција Moody’s.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП