21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMorgan Stanley ги намали прогнозите за светските пазари

Morgan Stanley ги намали прогнозите за светските пазари

recesija ms 1

Аналитичарите на водечката американска инвестициска банка „Morgan Stanley“ стануваат загрижени за опасноста од глобална рецесија. Поради оваа причина тие ги намалуваат прогнозите за водечките светски берзански индекси, како и ги советуваат инвеститорите да ги продаваат акциите на компаниите, кои регистрирале сериозен раст во последно време.

Од „MS“ го намалија таргетот за широкиот американски индекс „S&P 500“ од 2.175 до 2.050 поени за следната година, што значи потенцијален раст од само 1,5% од сегашните нивоа. За споредба само во последниот месец индексот има додадено 8.3% на својата вредност.

Според аналитичарите на банката нема индикации дека растот ќе продолжи, како на американскиот пазар, така и на останатите светски пазари.

recesija ms22

„Слабите прогнози за раст на светската економија, во услови на политички ризици, не тераат да завршиме со позитивните очекувања и да ја намалиме изложеноста во акции. Веројатноста од светска рецесија е зголемена“, пишуваат аналитичарите на банката во писмото до нивните клиенти.

За оваа година од „Morgan Stanley“ очекуваат американската економија да забележи раст од 1,7%, во услови на нејзините претходни очекувања за 1.9%. Еврозоната најверојатно ќе се зголеми за 1,5% при очекувањата од порано за 1.8%, додека новите економии со 4% кај пред тоа прогнозираните 4.4% .

Недооценети беа и предвидувањата за индексот „MSCI Europe“ до 1.300 наспроти 1.500, како и за индексот кој ги надгледува пазарите во развој – „MSCI Emerging Markets“, до 735 наспроти 850.

„Според нашите економисти веројатноста за светска рецесија е 30%, што е највисока вредност за овој циклус“, се вели уште во анализата на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП