27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCampari го презема производителот на Grand Marnier

Campari го презема производителот на Grand Marnier

Campari_0316_600_3

Италијанскиот производител на алкохолни пијалоци „Campari“ објави вчера дека го договорил купувањето на француската компанија „SPML“ за 684 милиони евра, во чија сопственост е познатиот ликер „Grand Marnier“.

Ваквиот потег ќе му овозможи на „Campari“ дополнително да профититира од популаризацијата на класичните коктели, особено во САД, се наведува во соопштението на италијанската компанија, пренесува агенцијата Франс прес.

Според зборовите на генералниот директор на „Campari“ Боб Кузеа Консвиц, „Grand Marnier“ претставува „француски симбол со богата 150-годишна историја“.

За секоја акција за француската компанија, „Campari“, како што соопшти, ќе понуди 8,05 евра, наведува Франс прес.

„Gruppo Campari“ постигна договор со контролните акционери во „SPML“ за преземање на контролниот удел во компанијата преку понуда на тендер, кој ќе биде остварен на француската берза во слад со француските прописи“, се наведува во соопштението на италијанската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП