10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабиот снег и маглата го отежнуваат сообраќајот

Слабиот снег и маглата го отежнуваат сообраќајот

маглос

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крушево, Ѓавато, Буково, Пресека, Плетвар и Деве Баир. Поради појава на магла, видливоста на Плетвар, Попова Шапка и Ѓавато е намалена на 50 – 100 метри. 

Поради свлечиште, сеуште во прекин во двата правци е сообраќајот на патото Битола-Ресен. На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци,под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП