21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акцијата на Млекара Тетово

Блок трансакција со акцијата на Млекара Тетово

mk berza kke

Првпат по март 2010 година во вторникот на Македонска берза беше тргувано со акцијата на Градинар Свети Николе, со што акцијата забележа пад од цели 75,61 отсто.

Беа истргувани вкупно 200 акции по цена од 150,00 денари.

Промет од над милион денари беше остварен со акциите на Комерцијална Банка (1.055.360,00 денари, 450 акции) и акцијата на Млекара Тетово преку реализирана блок трансакција (1.037.475,00 денари, 3.975 акции). Останатите истргувани акции забележаа промет под еден милион денари.

По објавувањето на годишните неревидирани финансиски извештаи од страна на Прилепска Пиварница АД Прилеп, 33 акции беа истргувани и вредноста на акцијата остана непроменета.

Денот се официјализираше со промет од 5.036.535,00 денари и 40 реализирани трансакции.

Индексот МБИ-10 забележа раст од 0,23 отсто, додека ОМБ остана непроменет поради отсуството на обврзниците во денешното тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП