5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГермански приватен инвестициски фонд ја купи Adria Airways

Германски приватен инвестициски фонд ја купи Adria Airways

adria airwayse

Германскиот приватен инвестициски фонд 4K Invest во вторник официјално стана мнозински сопственик на словенечкиот авиопревозник Adria Airways, откако државата одобри на него да се укнижат акциите на компанијата што ги имела во т.н. „лоша банка“ и во Фондот за управување со државен имот.

Со уплатата на дополнителни 100.000 евра, откако заедно со словенечката влада учествуваше во докапитализацијата на Adria Airways со 4 милиона евра, при што германскиот фонд дал 1,1 милион, а остатокот државата, 4K Invest стана сопственик на 91,58 отсто од акциите на Adria Airways.

Сега, според словенечкиот закон за преземање, мора да го објави купувањето на преостанатите акции на малите акционери, по цена од едно евро за акција, по која акциите ги купи од државата.

Новиот сопственик во надзорниот одбор на компанијата именуваше петмина свои членови, при тоа наведувајќи дека и натаму ќе го поттикнува развојот на компанијата и ќе ги одржи нејзините линии на регионалниот пазар.

Фондот 4K Invest ја купи словенечката компанија преку својата фирма регистрирана во Луксембург, AA International Aviation.

Германските членови во пополнетиот надзорен одбор најавуваат рационализација на работењето и кастрење на трошоците.

Според првите податоци, Adria Airways и лани имала загуба од околу 4 милиони евра, а има и високи кредитни обврски.

Германскиот фонд, кому ова му е прва инвестиција во Словенија, до сега купи и потоа реструктуираше околу 150 различни претпријатија во Европа, но ова му е прва работа во воздухопловството, каде што до сега не бил присутен, наведуваат словенечките медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП