4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

prerabotuvachkaindustrija5413513

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2016 година е за 0.8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на февруари 2015 година е зголемен за 8.3 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2016, во однос на јануари 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готови производи сe непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е и во однос на февруари 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2016 година изнесува 64.6% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.5%, недоволната домашна побарувачка со 18.1%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.8% и финансиските проблеми со 9.1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП