19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознати се продажните цени за јануари на индустриските производи во земјата и...

Познати се продажните цени за јануари на индустриските производи во земјата и странство

Sisak 260906, Valjaonica cijevi Sisak za koju predsjednik uprave Damir Begovic kaze da tvornicu treba sto prije prodati. Pogon celicane. Foto : Miroslav Kis / Cropix

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.9% на месечно ниво, а за 4.9% на годишно ниво.

Во јануари 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.1%.

Во јануари 2016, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11.4% , во секторот Преработувачка индустрија за 4.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 1.7% на месечно ниво, а за 9.8% на годишно ниво.

Во јануари 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.9%, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.5%.

Во јануари 2016, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 16.7%, а во секторот Преработувачка индустрија за 8.9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП