17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтравувате од Brexit? Еве како да бидете безбедни!

Стравувате од Brexit? Еве како да бидете безбедни!

funta frank 335

Темата за потенцијалното излегување на Британија од границите на ЕУ е исклучително актуелна, а најверојатно ќе станува уште поактуелна во следните месеци, кои остануваат до референдумот во земјата, закажан за 23-ти јуни.

Меѓутоа од тргувањето со девизи и индекси настанува природното прашање, како да се заштитат од негативните ефекти при евентуалното напуштање на Велика Британија?

Експертите предупредуваат дека при ваква ситуација најверојатно британската фунта ќе регистрира суштинско намалување на нивото на тргување во однос на другите валути. Од најголемата британска банка „HSBC“ даваат одговор на претходното прашање. А тоа е за швајцарскиот франк.

Според експертите на банката швајцарскиот франк ќе регистрира суштинско зголемување при евентуално напуштање на Велика Британија, а во исто време нема да поевтини ако земјата остане во рамките на ЕУ.

evro frank 30044

„Многу е можно швајцарскиот франк да поскапе при потенцијалното напуштање на Велика Британија. Можно е швајцарската национална банка да интервенира, но според нас тоа во најдобар случај ќе го одложи поскапувањето на франкот, но нема да го промени. Се уште постојат минимални докази дека швајцарскиот франк е залог од потенцијалното излегување на Британија од ЕУ. Тоа значи дека во нивоата на трговија на валутата е заложена мала ризична премија. Ова го прави франкот најдобар избор за евентуалнен хеџинг за слично негативно сценарио“, според Дејвид Блум, Дараг Маер и Марк Мекдоналд, девизни дилери во „HSBC“.

Не сите експерти изразуваат слично мислење. Според Марк Чендлер од „Brown Brothers Harriman“, швајцарскиот франк може и да се фаворизира при излегување на Британија од ЕУ, но растот ќе биде краток. Многу подобра опција, според Чендлер, е хеџингот со директен пристап. Имено опции врз фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП