29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата руска банка забележа пад од 23 проценти

Најголемата руска банка забележа пад од 23 проценти

sberbank-sber-sberbank

Нето профитот на најголемата руска банка „Sberbank“ падна минатата година за 23 проценти на 229,9 милијарди рубљи (3,17 милијарди долари).

Причина се предизвикувачките економски услови и зголемените одвојувања за покривање на ризичните кредити.

Сепак, во четвртиот минатогодишен квартал, нето добивката на „Sberbank“ пораснала на 72,6 милијарди рубљи (1,03 милијарди долари), што е за 48 проценти повеќе во однос на истиот период во 2014 година, и подобра во однос на прогнозата на аналитичарите, пренесува британската агенција Ројтерс.

Стапката на поврат на капитал (ROE), како мерило за профитабилност, минатата година изнесувала 10,2 проценти во однос на 14,2 проценти од 2014 година.

Стапката на адекватност на капиталот пораснала за 30 базни поени, на 8,9 проценти, додека стапката на адекватност на вкупниот капитал достигнала 12,6 проценти, што е за 50 базни поени над минатогодишните, се наведува во соопштението на банката.

Депозитите на населението пораснале за 27,2 проценти во минатата година, додека корпоративните депозити пораснале за 24,4 проценти, се додава во соопштението.

„Во текот на 2015 година искусивме тешки макроекономски услови, но сепак успеавме да достигнеме двоцифрен поврат на капиталот, кој е остварен благодарение на закрепнувањето на нашите нето приходи од камати, силните провизии и добрата дисциплина за трошоците“, изјави генералниот директор на „Sberbank“ Херман Греф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП