18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИма ли спас: Нафтата се помалку ќе се бара

Има ли спас: Нафтата се помалку ќе се бара

nafta-pari-mari

Глабалната побарувачка на нафта во 2016 година ќе биде помала од првично прогнозираното, оцени Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

ОПЕК наведува дека понудата на ривалските земји производители се покажа отпорна на ниските цени, што ја зголеми презаситеноста на пазарите.

Според проекциите на ОПЕК, глобалната побарувачка за нафта ќе достигне просечни 31,52 милиони барели нафта дневно во 2016 година, што е за 90.000 барели дневно помалку во однос на прогнозите од февруари, пренесува агенцијата Ројтерс.

Во февруари, ОПЕК, како што се наведува во извештајот, произвеле 32,28 милиони барели нафта дневно, што е за 175,000 барели дневно помалку во однос на нивото од јануари.

Како што пренесува агенцијата Франс прес, производството на нафтениот картел во февруари опадна, и покрај тоа што Иран го зголеми пумпањето на „црното злато“, откако во јануари му ги укинаа санкциите.

Намалувањето на производството најмногу може да се препише на остриот пад на продукцијата во Ирак, кое беше последица од падот на глобалните цени на нафтата и силниот извоз на нафта од автономниот регион Курдистан.

„До најголем пад на производството дошло во Ирак, Нигерија и Обединетите Арапски Емирати, додека производството пораснало во Иран, Саудиска Арабија и Кувајт“, се наведува во извештајот.

Како што наведува Франс прес, производството на нафтениот картел и понатаму значително ја надминува побарувачката.

Иран, кој ги поседува вторите најголеми резерви на нафта во светот, во февруари произведе 3,1 милион барели нафта дневно, што е за 2,9 проценти повеќе во однос на јануари, покажуваат податоците на ОПЕК.

Светските цени на нафтата ослабнаа, откако официјален Техеран соопшти дека ќе му се придружи на глобалниот договор за замрзнување на производството дури кога неговото производство ќе го достигне нивото од периодот пред санкциите, од 4,0 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП