4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAvon дели 2.500 откази и се сели во Велика Британија

Avon дели 2.500 откази и се сели во Велика Британија

avon-logo

Козметичката компанија „Avon“ соопшти дека ќе го намали бројот на вработените за 2.500 и ќе го премести своето седиште од Њујорк во Велика Британија.

До овие промени дошло бидејќи северноамериканската филијала на компанијата ја купила инвестициската компанија Cereberus.

„Avon“ кој има 28,300 вработени, соопшти дека ќе има трошоци од 60 милиони долари во овој квартал поради отказите.

Компанијата наведе дека очекува оваа година да заштеди 50 милиони долари на плати, а во 2017 година меѓу 65 и 70 милиони долари.

„Avon“ ќе ги задржи производните капацитети во Њујорк, а со нејзините акции понатака ќе се тргува на Њујоршката берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП