19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСвинско откриено во лазањи со месо од дивеч во Белгија

Свинско откриено во лазањи со месо од дивеч во Белгија

Ikea-G-620x362

 Белгиските санитарни служби воведоа забрана за продажба на лазањи со месо од дивеч во рестораните на шведскиот ланец супер-маркети „Икеа“, откако во некои од земените примероци биле откриени парчиња свинско месо.

Според претставник на „Икеа“, станува збор само за една пратка со лазањи, но поради превентивни причини воведена е целосна забрана за продажба.

Тој потенцира дека во спорните примероци на лазањи, кои биле произведени од шведска фирма, од вкупното количество на месо на свинското отпаѓале само 1,4 проценти.

На почетокот на годинава во говедски ќофтиња што се служеа во кафетериите на „Икеа“ во Белгија беше откриено коњско месо, а нешто подоцна во торти од бадем беше утврдено присуство на бактерии кои предизвикуваат цревни заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП