22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата во ЕУ има заработено 24 милијарди евра од трговијата со јаглерод

Индустријата во ЕУ има заработено 24 милијарди евра од трговијата со јаглерод

karbon 33

Индустријата на Европската унија (ЕУ) има заработено 24 милијарди евра од програмата за ограничување и тргување со емисии, која има за цел да ја намали емисијата, поставувајќи цена на загадувањето, покажуваат податоците на консултантската компанија во областа на животната средина.

Компаниите за цемент, петрохемиската и челичната индустрија имаат заработено најмногу од системот за тргување со емисии од 2008-ма до 2014-та година, според резултатите од истражувањето на „CE Delft“ нарачано од еколошкото лоби „Carbon Market Watch“.

11-годишната програма која е најголемата програма за ограничување и продажба на штетни гасови во светот, е водечкиот механизам на Европа за воведување лимити за загадување на компании кои поседуваат вкупно 12 илјади капацитети. Владите подаруваат или продаваат квоти, за да го покријат секој метрички тон јаглерод диоксид, кој компаниите го емитираат. Некои претставници на индустријата добиле повеќе бесплатни квоти, за да не се преселат на места со не толку строги ограничувања на емисиите.

Енергетски интензивни индустрии повикуваат политичарите да продолжат со ширењето на бесплатни квоти на компаниите, за да престанат со релокацијата на фирми, познато како поместување на јаглеродот. Европските регулатори сигнализираат дека правилата кои забрануваат релокација на компаниите, треба да продолжат да дејствуваат.

Откритијата на извештајот „разоткривање на царини во индустријата за поместување на јаглерод“, вели Фемке де Јонг, директор на политиките на ЕУ со седиште во Брисел „Carbon Market Watch“. Групата сака ЕУ да го реформира пазарот на јаглерод, така што постепено ќе ја отстрани распределбата на бесплатни квоти и го забрза преминот кон нивниот целосен придонес на аукции.

Реалниот профит за целиот блок најверојатно е повисок, бидејќи во студијата се вклучени само 19 од сите 28 земји, вели „Carbon Market Watch“.

Истражувањето на „CE Delft“ заклучува уште дека компаниите пренесуваат непостоечки трошоци за јаглеродни квоти врз клиентите. Компаниите освен тоа можат да увезуваат поевтини квоти за намалување на јаглеродот, познати како компензација, а потоа да ги продаваат бесплатните квоти од ЕУ, за да генерираат профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП