8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот трговски ден неделава го одбележа блок трансакцијата на Фершпед АД Скопје

Првиот трговски ден неделава го одбележа блок трансакцијата на Фершпед АД Скопје

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

Првиот трговски ден оваа недела заврши со вкупен промет од 9,4 милиони остварен преку 39 трансакции од кои три беа реализирани со обврзници. 

Најголем промет беше остварен со акцијата на Фершпед АД Скопје, реализиран преку блок трансакција. Трансакцијата се реализираше со 147 акции по цена од 40.000,00 денари од акција.

Со останатите акции беше остварен скромен промет, под еден милион денари поединечно. На страната на обврзниците, беа тргувани РМДЕН09 и РМДЕН14, кои заедно остварија промет од 1,3 милиони денари.

Најголем пораст на вредноста забележа акцијата на Тетекс АД Тетово (+9,27 отсто), додека акцијата на Млекара АД Тетово забележа најголем пад на вредноста (-12,66 отсто).

Индексите МБИ-10 и ОМБ во понеделник забележаа раст од 0,48 и 0,70 отсто , и на крајот од денот имаа вредност од 1.795,35 и 128,91 индексни поени, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП