19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне ќе биде блокиран сообраќајот на патот Кочани-Штип

Попладне ќе биде блокиран сообраќајот на патот Кочани-Штип

автоооопат

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Според информација добиена од ДЦС МВР, во вторник, со почеток во 12:00 часот, од страна на Здружението на оризопроизводители „Бело Злато“, ќе се изврши блокада на магистралниот пат Кочани – Штип, во с.Облешево.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Општинскиот пат с. Долни Полог-с.Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци,под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Од АМСМ со препорака за користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Од АМСМ со информација до возачите дека уште денес трае законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП