26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонзорциум на чело со кинескиот осигурител Anbang нуди 12,8 млрд. долари за...

Конзорциум на чело со кинескиот осигурител Anbang нуди 12,8 млрд. долари за Starwood

konzorciummmm

Конзорциум на чело со кинескиот осигурител Anbang понуди 12,8 милијарди американски долари за американскиот синџир на луксузни хотели  Starwood Hotels & Resorts, надминувајќи ја со тоа веќе прифатената понуда на Marriott International.

Од Starwood во понеделник соопштија дека конзорциумот на 10 март им понудил 76 долари за акција, откако во ноември ја прифатија понудата на Marriott во готовина и акции од 63,74 долари за акција.

„Управниот одбор на Starwood не ја промени препораката до акционерите во која го поддржува спојувањето на Starwood со Marriott“, се додава во соопштението.

Во Starwood напомнуваат дека „при разгледувањето на идните потези темелно ќе го разгледаат исходот на расправите со конзорциумот“.

Од Marriotta пак, информираат дека „потврдуваат оти се подготвени да го купат Starwood Hotels & Resorts Worldwide заради креирање на најголемата хотелска компанија  во светот“.

Додаваат дека Starwood на 11 март ги информирал за непланирана понуда на групата што ја предводи Anbang. Според нивна оценка, оваа понуда „поврзана со бројни услови не е обврзувачка“, додека Marriott располага со доволни готовински ресурси и не ја условува трансакцијата со услови поврзани со финансирањето.

Акционерите на Marriott ќе гласаат за купување на Starwood на собрание закажано за 28 март.

Anbang своевремено беше специјализиран за автомобилско осигурување, за минатата година да влезе на голема врата на меѓународниот пазар на недвижнини со купувањето на њујоршкиот Waldorf Astoria Hotel за речиси две милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП