29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата лизнаа под 40 долари, Иран не е подготвен веднаш...

Цените на нафтата лизнаа под 40 долари, Иран не е подготвен веднаш да го намали производството

naftic 35

Цените на нафтата се лизнаа на меѓународните пазари во понеделникот под нивото од 40 долари за барел, откако Иран ги придуши надежите дека во кус рок би можел да ѝ се приклучи на иницијативата за координирано замрзнување на производството.

На лондонскиот пазар цента на барелот падна за 1,19 долари во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 39,2 долари. На американскиот пазар, пак, беше во минус за 1,13 долари и изнесуваше 37,37 долари за барел.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот на референтната кошница на негова нафта во петокот изнесувала 35,62 долари, што значи дека пораснала за 39 центи во однос на претходниот трговски ден.

„Цените на нафтата паднаа откако Иран објави дека ќе се приклучи на замрзнувањето на производството дури откако го достигне нивото од четири милиони барели дневно“, вели за Reuters Тамаш Варга, аналитичар во брокерската компанија „PVM Oil Associates“.

Притоа се повикува на неделната изјава на иранскиот министер за нафта, Биџан Занганех. Иранскиот извоз на нафта ќе достигне во месецот на иранскиот календар кој завршува на 19-ти март два милиона барела дневно, откако во претходниот месец изнесувал 1,75 милиони барели.

Саудиска Арабија, пак, според сé судејќи, го почитува прелиминарниот договор со Катар, Русија и Венецуела, за замрзнување на производството на јануарското ниво, имајќи предвид дека производството на сирова нафта стагнирала во февруари на 10,22 милиони барели дневно, изјави за Reuters неименуван извор од нафтениот сектор.

Од друга страна, извори од OPEC за агенцијата рекле дека претставниците на картелот и произведувачите надвор од организацијата веројатно ќе се сретнат кон средината на април во Доха за да разговараат за замрзнување на производството.

Истовремено, предупредувањето на „Morgan Stanley“ дека забавувањето на глобалната економија и високото производство да го спречи остриот раст на цените на нафтата одново ја подгреа загриженоста за побарувачката.

„Се чини дека цените на нафтата го допреа дното, но дека веројатно ќе останат придушени до крајот на оваа година и ќе тргнат во нагорен тренд во 2017 година“, објави во белешката за комитентите за американската банка. Евтината нафта не даде поттикнувања на растот, на каков многумина се надеваа, напомнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП