15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена лабораторија за откривање пренатални аномалии на плодот

Отворена лабораторија за откривање пренатални аномалии на плодот

laboratorija-labo

Нова лабораторија за биохемиска пренатална дијагностика што ќе помогне за рано откривање одредени аномалии кај плодот, како и за правење на сите потребни анализи во текот на целата бременост, отворена е во понеделник во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Во новата лабораторија инвестирани се околу девет милиони денари, односно 150 илјади евра.

Лабораторијата денеска ја посетија замениците министри за образование и наука Спиро Ристовски и за здравство Јовица Андовски заедно со лидерот на ВМРО­ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој оцени дека лабораторијата е исклучително важна за Гинеколошката клиника затоа што има можности со кои овозможува откривање на Даунов синдром кај плодот во многу рана фаза во прв, втор или трет месец на бременост.

„Задоволство е што за првпат во Македонија се набави една ваква лабораторија која што очигледно недостасуваше, која веќе е во полна функција и во иднина ќе реши многу проблеми. Таа претставува една новина, но и една дополнителна вредност на оваа клиника и воопшто на македонското здравство, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП