21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонгконг е пазарот со најскапи домови во светот

Хонгконг е пазарот со најскапи домови во светот

hong-kong3333

Хонгконг ја предводи листата на консултантската компанија „CBRE“ за водечките светски пазари со најскапи станови.

Неодамна овој град беше поставен на третото место од консултантската компанија „Savills“ во рангирањето на најскапите градови во светот за сместување на странски службеници. Градот го зазеде исто трето место на листата на најскапи градови за живеење во светот, подготвувена од „Economic Intelligence Unit“.

Цената на метар квадратен станбена површина во Хонгконг достигнува 9.770 фунти во 2015-та година, забележа компанијата. Второто место е за престолнината на Велика Британија, Лондон со 7.069 фунти на м2, а третото е за Њујорк со 5.810 фунти.

Во Топ 5 се наоѓаат од Париз и Сингапур, а пак листата од Топ 10 е дополнета од Токио, Лос Анџелес, Милано, Рим и Единбург.

Најниски се просечните цени на м2 станбена површина во Истанбул – 774 евра за м2 за минатата година, следен од Јоханесбург – 839 фунти за м2, и Кејптаун – 1.136 фунти на кв.м. Топ пет на водечките светски пазари со најниски цени на становите се дополнува од Лисабон и Чикаго, а топ 10 од Мадрид, Барселона, Сиднеј, Бангкок и Берлин.

Лидер според растот на цените на куќите во 2015-та година е Даблин со 21,6%. Следува Хонгконг со 20% и Единбург исто со 20%. Топ 10 се дополнува од Сиднеј, Берлин, Истанбул, Шангај, Пекинг, Кејптаун и Абу Даби.

Сепак компанијата наведува дека Сингапур е лидер по највисоките капитални вредности на цените на куќите со просек од 570.000 фунти, следен од Лондон со 525.837 фунти. Хонгконг е на третото место со малку под 508.000 фунти. Четвртата позиција е за Њујорк со малку над 432.000 фунти.

Глобално Лондон води според висината на кириите на станови, малку под 2.100 фунти во просек месечно. Второто место е за Абу Даби со приближно 1.700 фунти месечно, а третото е за Сингапур со 1.650 фунти. Во топ 10 влегуваат Лос Анџелес, Њујорк, Дубаи, Хонгконг, Сиднеј, Мајами и Париз.

Лидер во глобален план по растот на кириите сепак е Единбург со 19% за 2015-та година, следен од Абу Даби и Истанбул со 12% и Сиднеј за 8,3%. Во првите 10 се наоѓаат уште Токио, Даблин, Дубаи, Берлин, Лос Анџелес и Шангај.

Највисок е приносот од имотите кои се изнајмуваат во Чикаго – 10,4%, покажуваат уште податоците на компанијата. Следува Јоханесбург со 9,7%, а трет е Кејптаун со 7,9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП