6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмска ревија на италијански филмови во Кинотека

Филмска ревија на италијански филмови во Кинотека

filmos-milmos

Денес почнува XVI издание на филмската ревија „Прозорец кон италијанскиот филм“ која ќе се одржи во Кинотеката на Македонија – Скопје од понеделник до недела.

Овогодинешната ревија, на која ќе бидат прикажани седум комедии и драми ќе се отвори во понеделник, со филмот „Златно момче” од Пупи Авати, еден од најплодните италијански режисери.

Во среда, во присуство на амбасадорот на Италија во земјава, Ернесто Масимино Белели,  ќе биде официјалното отворање со филмот „Извонредниот Џакомо” од режисерот и сценарист Марио Мартоне. Филмот се фокусира на животот на поетот Џакомо Леопарди, а беше прикажан во официјална конкуренција на 71. Меѓународен филмски фестивал во Венеција.

Прозорецот на италијанскиот филм се затвора со проекцијата на  филмот „Патување наречено љубов” од Микеле Пласидо, кој раскажува за мачната љубовна приказна помеѓу писателката Сибила Алерамо и поетот Дино Кампана.

Сите седум фимови се со превод на македонски јазик, а проекциите се со почеток од 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП