13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДивоградби никнуваат кај Дебарското Езеро

Дивоградби никнуваат кај Дебарското Езеро

debarsko----

Локалната власт на Дебар остро реагираше во понеделникот поради изградбата по незаконски пат на објекти покрај брегот на Дебарското Езеро.

Градоначалникот на општината Ружди Лата, побара итно да се престане со узурпацијата на  државното земјиште и изградбата на дивоградби.

Ниту еден од објектите кои се градат нема дозвола , а сите објекти ќе бидат урнати,  нагласи Лата и додаде дека неоходно е оние кои градат незаконски да запрат со градбата.

„По добивањето на зелено светло на Урбанистичкиот план за брегот на Дебарското Езеро, ќе се објави конкурс за градби и само тогаш ќе се издаваат дозволи. Дотогаш сето онаа што ќе се изгради ќе се урива“, вели Лата.

Последните две седмици, на самиот брег на езерото десетици дебарчани имаат узурпирано државно земјиште и градат објекти. Појавата е масовна, и бројот на оние кои се решиле незаконски да градат објекти е секојдневно во пораст.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП