17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледат 5 пеколни години – како ќе ги преживеат?

Следат 5 пеколни години – како ќе ги преживеат?

pari-zemja

Неодамнешните показатели за стабилизација на пазарите во развој се само затишје пред бура, која во наредните пет години ќе им ја донесе наплатата на долгот од 1.600 милијарди долари.

Проблемот со сервисирање на долгот, чија годишна отплата ќе порасне за повеќе од 100 милијарди долари до 2020 година, во однос на 2015 година, е резултат на огромното задолжување во периодот по финансиската криза во 2008 година, наведува британската агенција Ројтерс.

Во годините по кризата, владите на африканските држави, турските банки и земјите во развој се задолжуваа на пазарот за обврзници, охрабрени со нулта каматната стапка во САД.

Сега, сепак, дојде момент за наплата за тој долг, наведува Ројтерс.

Во периодот од 2016 до 2020 година, на пазарите во развој ќе има дојдат за наплата речиси 1.600 милијарди долари, од кои три четвртини ги сочинува корпоративниот долг, покажуваат податоците на банката ICBC Standard Bank.

Според податоците на швајцарската банка UBS, бруто потребите на Турција за рефинансирање на долгот се најголеми меѓу државите во развој во однос на нивото на девизните резерви, додека веднаш зад Турција следи Унгарија, Индонезија, Јужноафриканската Држава и Русија, наведува Ројтерс.

Една од последиците на „лудото позајмување“ е тоа дека компаниите од земјите во развој се повеќе користат средства за собрани на пазарите за обврзници за отплата на доспеаните долгови, предупреди неодамна ММФ.

ММФ додаде дека уделот на така собраните средства пораснал во вкупното задолжување на компаниите на речиси 30 проценти во 2014 година од помалку од пет проценти од 2005 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП