8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкината забраната за сообраќај на патот Кочани - Делчево

Укината забраната за сообраќај на патот Кочани – Делчево

odroni 392929

Патниот правец Кочани – Делчево кој беше затворен за сообраќај од превентивни причини, поради можна појава на свлечишта и одрони, поворно е отворен за сообраќај, соопштуваат од АМСМ, но и покрај отстранувањето на забраната се препорачува голема внимателност.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Општинскиот пат с. Долни Полог-с.Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патниот правец Крива Паланка – гр.премин Деве Баир кај с.Узем поради одрон зафатена е една коловозна лента во должина од 15 – 20 метри. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

На патниот правец Демир Капија – Удово 1,5 км после ресторанот “Белов” поради поголем камен на коловозот сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 2 – 5 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот.

На патниот правец Р1106 Марков Манастир – Брезница на 1 км после клучката за Марков Манастир, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10-15 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација се до целосно расчистување на коловозот.

Според информација од ДЦС МВР од 10.03 од 12:20 часот на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река има вода на коловозот која не е голема и се препорачува внимателно управување со возилата. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување и оспособување на коловозот.

На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

На патниот правец Куманово-Крива Паланка кај месноста усек с.Страцин има континуирано свлечиште од кал и земја кое зафаќа една лента од коловозот. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината и следење на поставената сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП