18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на туристи зголемен за 16,3 проценти

Бројот на туристи зголемен за 16,3 проценти

turisti-skopje-1

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2016 година изнесува 38 162, а бројот на ноќевањата изнесува 78 667.

Бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 16.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 20.2%.

Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 14.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 27.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.6%.

Бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 5.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.7%, а кај странските има намалување за 8.6%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2016 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.6%, а кај странските има намалување за 5.1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП