18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМебел-Ви со нов ексклузивен изложбен салон во Битола

Мебел-Ви со нов ексклузивен изложбен салон во Битола

Slika - Salon Btiola 1

Тргнувајќи од својата определба да понуди врвен квалитет, достапен производ за секого, како и поставената мисија да се доближи нашата понуда до крајните корисници Мебел-Ви со задоволство Ве известува дека отвори нов продажно-изложбен салон во Битола.

За таа цел се решивме да понудиме нов концепт на продажба и купувачко искуство. Големиот продажен центар со површина од 2.300м2, сега станува совршено место за секого кој бара исклучителен квалитет, достапна цена и голем избор. На една локација може да се најде целокупниот асортиман на производи на Мебел-Ви, како и производите од ексклузивната колекција на брендот Mondivi.

Slika - Salon Btiola 2

Салонот кој сега функципнира како централен продажен објект на групацијата Мебел-Ви во тој дел од Македонија, ќе ги покрива регионите на Битола, Ресен, Охрид и Струга и со тоа ги исполнуваме барањата на купувачите од тој регион. Во самиот салон ќе биде достапна и понудата на супер квалитетни душеци за спиење Allegro, како и производи од економичниот сегмент, брендот Статус.

Ве покануваме во новиот салон, лоциран на Краварски пат (патот кон Мечитлија), на многу изненадувања, попусти и промоции по повод отворањето кои ќе траат до крајот на оваа недела. Салонот е отворен од 08:00 до 20:00 часот од Понеделник до Сабота.

Slika - Salon Btiola 11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП