4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУкрадени слики на Френсис Бекон вредни 30 млн евра

Украдени слики на Френсис Бекон вредни 30 млн евра

bekon

Пет слики на еден од најзначајните уметници на XX век, Френсис Бекон, проценети на повеќе од 30 милиони евра, украдени се од стан во Мадрид, пишува тиражниот шпански дневен весник El Pais.

Една од најголемите кражби на уметнички дела во Шпанија се случила во јуни минатата година, но истрагата досега ја чувала информацијата во тајност. Крадецот, или група крадци, и по девет месеци истрага сé уште се непознати и на слобода, пишува весникот.

Украдените дела биле во сопственост на пријател на уметникот, а крадците умешно провалиле во станот додека овој бил отсутен, без да остават никакви траги, дознава El Pais од извори блиски на истрагата.

Експерти за весникот рекле дека крадците многу тешко ќе успеат да ги продадат украдените слики, бидејќи кругот на потенцијалните купувачи е многу тесен.

Делата на Франсис Бејкон (1909 – 1992) на аукциите постигнуваат рекордни цени, Во ноември 2013 година, неговиот триптих „Три студии на Лусијан Фројд“ беа продадени за само шест минути наддавање на аукција во Њујорк за 142,4 милиони долари.

На наддавањето во Лондон во јули 2015 година најавната како ѕвезда на наддавањето, сликата „Скица за студија на Папата – I“, на британскиот уметник Френсис Бејкон, првично проценета на 25 до 35 милиони фунти, остана непродадена затоа што не ја постигна саканата цена. Ова дело, инаку, се смета за една од најважните работи од серијата слики со портрети на папи, кои уметникот ги создал во периодот интригиран од сликата на Диего Веласкез „Портретот на Инокентиј X“.

Два автопортрета на Френсис Бејкон, од 1975-та и 1980 година, на истата лондонска аукција, беа продадени за 15,3 односно за 14,7 милиони фунти, а претходно беа процените на 10 до 15 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП