2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot пушта хибрид и електромобил

Peugeot пушта хибрид и електромобил

ek peugeot 335

Во наредните 3 години „Peugeot“ ќе пушти на пазарот два целосно нови модели – електричен автомобил и хибрид, кој може да се полни од електричната мрежа. Ова го пишува весникот „AutoRAI“ кој го цитира директорот на корпоративна стратегија и планирање на брендот Жером Мишеро.

Во моментов во палетата на „Peugeot“ влегува само еден автомобил на електричен погон – „iOn“ кој претставува верзија на „Mitsubishi i-MiEV“. Во Франција цената на моделот е 26.900 евра. Компанијата исто така нуди и дизел-електрични модификации на моделите „3008“ и „508“.

За новиот електричен автомобил ќе се користи платформата „EMP2“, на која е изградено семејството „308“. Во основата на хибридниот агрегат на вториот модел пак ќе биде 1,2-литарски бензински мотор. Според зборовите на Мишеро само на електрична енергија овој автомобил ќе може да помине околу 50 км.

Последниот електричен прототип прикажан од „Рeugeot“ беше концептот „Fractal“ (на фотографијата). Тој е опремен со два електромотори – по 102 КС и комплет литиум-јонски батерии со моќност од 30 kW/h. Со едно полнење машината поминува 450 километри, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 6,8 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП